Примена:

Бело еднокомпонентно водоотпорно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и адитиви. Наменето е за ѕидање и израмнување на гас-бетон и останати автоклавни бетонски елементи (Ciporex, Xella, Itong, Silkapor, итн.), како и за лепење на гипс-картон плочи и останати лесни градежни термо материјали на ѕид, под и таван.

Подготовка:

SPEKTROkol Blok се користи на температури од +5оС до +35оС. Подлогата и елементите на кои се нанесува мора да бидат рамни, цврсти, и чисти пред нанесување на лепилото. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвен за користење.

Вградување:

SPEKTROkol Blok се нанесува со рамна или назабена глетарица за вградување на гипс-картон и останати лесни термоматеријали на ѕид,под и таван. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на СПЕКТРОкол Блок се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic. За ѕидање на цигли од гас-бетон се препорачува користење на назабена лопатка за ефективно искористување на подготвената смеса. Потоа споевите помеѓу елементите се пополнуваат и израмнуваат (фугираат) со мистрија или глетарица. Подготвената смеса може да се искористи во рок од 2 до 4 часа на 20оС.

Потрошувачка:

2-3кг/м2 зависно од видот на подлогата.

Пакување

Натрон вреќа од 25кг.

Складирање:

Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

Рок на употреба:

12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Произведува:

ИГМ ВРАТНИЦА АД

1225 Вратница, Република Македонија

Тел: +389 (0)44 451 010

Факс: +389 (0)44 451 041

е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Посетители

Имаме присутни 32 гости и нема членови