Примена

Двокомпонентен хидроизолирачки малтер на цементна основа, со одбрани минерални полнила, подобрувачки адитиви и посебни полимери. Се користи за хидроизолација на бетонски површини (подлоги) за кои се очекува да бидат во постојан допир со и подложни на големи влијанија и притисок од вода. Се применува како хидроизолација на базени, фонтани, атмосферска дренажа, балкони, отворени тераси и тремови, бањи, постојано влажни површини итн.

Подготовка

VRAT ELASTIC Hidroblock се користи на температури од +5оС до +35оС. Пред нанесување подлогата треба да биде чиста, обезмастена и обезпрашена. Површини со висок степен на водовпивливост треба претходно да се навлажнат пред нанесување. 

Компонентата Б се истура во чист сад а потоа се додава компонента А. При додавање на компонента А смесата цело време се меша со миксер. Се меша 3 до 5 минути со миксерот на мал број вртежи за да не се вбризга многу воздух во смесата. Соодносот на мешање на компонента А со Б треба да е 2,5:1.

Вградување

VRAT ELASTIC Hidroblock се нанесува со глетарица, валјак или распрскувач. Со два нанесени слоја Ќе се добие дебелина од најмалку 2мм. Смесата да се искористи во рок од 60 минути откога е подготвена. По нанесување на смесата почекајте 5 дена да созрее за да биде подготвена да врз неа можат да се вградат плочки или друг вид на градежен материјал.

Потрошувачка 

2кг/м2 во два слоја.

Пакување

Компонента А: Натрон вреЌа од 20кг.

Компонента Б: Пластична туба од 8 литри.

Складирање 

Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

Рок на употреба 

12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Произведува 

ИГМ ВРАТНИЦА АД

1225 Вратница, Република Македонија

Тел: +389 (0)44 451 010

Факс: +389 (0)44 451 041

Е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Посетители

Имаме присутни 9 гости и нема членови