ИГМ ВРАТНИЦА А.Д. - ВРАТНИЦА е формирана во 1976 година како работна единица ХЕК "ЈУГОХРОМ" - ЈЕГУНОВЦЕ, за експлоатација на камен и песок од калциум карбонат со висок квалитет. Подоцна е изградена фабрика за бетонска галантерија, која произведува широк асортиман на производи кои наоѓаат примена во градежништвото, нискоградба при изработка на партерни уредувања, пристапни патишта, платоа, патеки, тротоари, транспортно - индустриски депоа, за уредување на улици и др. Во 1997 година, со трансформација на ХЕК "ЈУГОХРОМ", ИГМ ВРАТНИЦА од дотогашна производна единица е основана како Друштво со ограничена одговорност, а подоцна, во 1999 година извршена е статусна промена во Акционерско друштво. 

ИГМ ВРАТНИЦА работи повеќе од 30 години и е најголем производител на овој вид градежен материјал, произведува висококвалитетни песоци од сите типови градежни фракции. Висококвалитетните песоци според потребните критериуми и норми, претставуваат база за производство на широк асортиман производи на бетонска галантерија во разни форми, димензии и бои кои наоѓаат примена во градежништвото и други производи со висок степен на доработка, а се потребни на пазарот.

Врз основа на високо квалитетниот калциум карбонат изградена е современа и автоматизирана фабрика во Визбегово за производство на микронизиран калцит и доломит со фракции од 5-200 микрони, поликолори и глет маси. Инсталираната опрема во фабриката е од германскиот производител IVA Industrieberatung. 

Постигнатиот квалитет на производство според европските технички стандарди е познат на пазарот во Земјата и надвор од неа. 

Друштвото располага со 53.179.540 m2 резерви на руда, со производен капацитет од 200.000 m3 годишно песочни гранулации, 200.000m2 бехатон елементи како и со капацитет на производство на микронизиран калцит и доломит од 30.000т/год. Расположив капацитет на друштвото иако во фаза на пробно производство е и производството на дисперзивни и полудисперзивни бои од 5.000 т/год и 5.000 т/год глет маси.

ISO 9001

ISO 14001

Посетители

Имаме присутни 12 гости и нема членови