| |
| |
ЛЕПИЛА
|
| |
|
|
|
|
standard SPEKTRO kol
ЛЕПИЛО ЗА ПЛОЧКИ ЗА ВНАТРЕШНИ ПРОСТОРИИ
Еднокомпонентно прашкасто градежно лепило врз база на цемент, минерални полнила и адитиви.
ПРИМЕНА:
Се применува за лепење подни и ѕидни керамички плочки во кујни, салони, ходници (само за внатрешни простории)
ПОДГОТОВКА И ВГРАДУВАЊЕ:
Лепилото СПЕКТРОКОЛ СТАНДАРД се меша со вода во однос 3,5 : 1 (лепило : вода). Се меша со мешалка или рачно.
Измешаниот материјал се остава да отстои 10 минути, потоа треба повторно добро да се измеша. Подлогата на која се
лепи мора да биде чиста и навлажнета со вода, тоа важи и за елементите (плочките) што се лепат.
СПЕКТРОКОЛ СТАНДАРД се работи на температура од +5 до +30°C.
ПОТРОШУВАЧКА:
3 до 4 кг/м².
НАЧИН НА СКЛАДИРАЊЕ:
Во суви и проветрени простории на температура од +5 до +30°C. |
| |
|
|
|
|
extra SPEKTRO kol
ЕДНОКОМПОНЕНТНО ВОДООТПОРНО ГРАДЕЖНО ЛЕПИЛО
Еднокомпонентно водоотпорно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и
адитиви.
ПРИМЕНА:
Се применува за лепење на подни и ѕидни керамички плочки во бањи, базени, тераси, фонтани.
ПОДГОТОВКА И ВГРАДУВАЊЕ:
Лепилото СПЕКТРОКОЛ ЕКСТРА се меша со вода во однос 3,5:1 (лепило : вода). Се меша со мешалка или рачно.
Измешаниот материјал се остава да отстои 10 минути, потоа треба повторно добро да се промеша. Подлогата на која се
лепи мора да биде чиста и навлажнета со вода, тоа важи и за елементитe (плочките) што се лепат.
СПЕКТРОКОЛ ЕКСТРА:
се работи на температура од +5 до +30°C.
ПОТРОШУВАЧКА:
4 кг/м²
НАЧИН НА СКЛАДИРАЊЕ:
Во суви и проветрени простории. |
| |
|
|
|
|
fix SPEKTRO kol
ЛЕПИЛО ЗА СТИРОПОР
Еднокомпонентно водоотпорно прашкасто градежно лепило врз база на цемент, минерални полнила и
адитиви.
ПРИМЕНА:
Се применува при изработка на термички фасади од стиропор и од екструдиран полистирен. Служи како лепило
за термоизолациони плочи на подлога од тули, бетон, гас-бетон, малтер и сл., и како глет-маса за израмнување на
истите.
ПОДГОТОВКА И ВГРАДУВАЊЕ:
Лепилото СПЕКТРОКОЛ ФИКС се меша со вода во однос 3 : 1 (лепило : вода). Се меша со мешалка или рачно. Измешаниот
материјал се остава да отстои 15 до 20 минути, потоа треба повторно добро да се промеша. Подлогата на која се лепи
мора да биде чиста.
СПЕКТРОКОЛ ФИКС:
се нанесува по рабовите на стиропор-плочите и попречно на неколку места, во дебелина и ширина на лента од 1-2
см. Така подготвената стиропор-плоча се фиксира на ѕид. Овака добиена површина е добра подлога за нанесување на
завршен, декоративен малтер или премаз.
ПОТРОШУВАЧКА:
8 до 12 кг/м².
НАЧИН НА СКЛАДИРАЊЕ:
Во суви и проветрени простории. |
| |
|
|
|
|
 |
|
|