| |
I - ПОГОН ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ФРАКЦИИ ОД КАЛЦИТ И МИКРОНИЗИРАН КАЛЦИТ И ДОЛОМИТ
Во 2006 година ИГМ ВРАТНИЦА од сопствени средства го изгради и пушти во производство современиот, високоавтоматизиран погон за производство на микронизиран
калцит и доломит во Визбегово. Погонот покрај производна хала со површина од 1.080 m2 на повеќи нивоа, располага со магацински простор во површина од
756 m2 и административно-деловна зграда со површина од 432 m2.
Погонот за производство на сепариран песок е со една производна линија и е опремен со:
- Флексибилна сепарација од типот STB-Словенија, 1977 година, со капацитет од 200.000 m3/год.
- Челустна дробилица со влезно зрно од 900х1200 - чешки производ
- Браварско механичарска работилница
- Пумпа за точење нафта
Рудникот располага со складиштен и магацински простор од 20.000 m2.
II - ПОГОН ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БЕТОНСКИ ЕЛЕМЕНТИ
Погонот за производство на бетонски елементи е опремент со две производни линии и тоа:
- Линија за подготовка на материјал за производство на бетонски елементи, која е опремена со две бетонари:
- Автоматизирана бетонара SB-500, производство "Градис" - Словенија, капацитет 96.000 m3 годишно
- Автоматизирана бетонара SB-150, производство "Градис" - Словенија, капацитет 60.000 m3 годишно
- Втората линија е линија за производство на бетонска галантерија и опремена со следната опрема:
- 2 Машини "Зенит" 940-S, Германија, капацитет 10.000.000 единици годишно
- Машина "Белт" SVS 1735, Словенија, капацитет 2.600.000 единици годишно
- Машина "Хенке", Германија, капацитет 900.000 единици годишно
- 2 Машини "Ателиерс", Франција, капацитет 200.000 единици годишно
Со магацински простор за готовите производи располагаме со 8.000 m2, додека самиот производствен погон се простира на 3.600m2.

Наведените расположиви производни капацитети што ги поседува ИГМ ВРАТНИЦА, со обезбедување на комерцијално - техничка, односно деловна соработка со фирма со бренд,
би овозможиле максимално искористување на капацитетите, односно поаѓајќи од погоренаведените рудни резерви на суровина и нејзиниот хемиски состав и физичките особини, би се овозможило и зголемување - проширување на постоечкото производство и на самиот асортиман на производство.
|
|