А.Д. ИГМ Вратница од Вратница е индустрија за градежни материјали која работи и опстојува скоро пет децении. Од рудникот за експлоатација на камен и песок од калциум карбонат и сепарацијата произведуваме високо квалитетни песоци од сите типови градежни фракции кои ги задоволуваат сите потребни критериуми и норми.
Нашите производи се изработуваат од природни материјали, имаат естетски изглед, пружаат можности за многу комбинации и лесни се за реконструкција. Покрај тоа , елементите кои ги произведуваме се практични и можат многу лесно да се вградат по принципот “сам свој мајстор”. Нашите производи ја разубавуваат вашата околина и ја прават еколошки здрава и чиста.
Со нашите референци сме познати и надвор од нашата држава
Ние сме единственото друштво што произведува по терк на европските индустрии. Нашето долгогодишно искуство е гарнција за квалитетот кој го контролира Завод за испитување материјали “Скопје” А.Д – Скопје и за истиот издава атести.