SPEKTRO kol Flexi

Примена

Бело еднокомпонентно високоеластично водоотпорно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и специјално одбрани адитиви. Наменето е за внатрешно и надворешно вградување на керамички и порцелански плочки од големи димензии на ѕид и под, обликувани природни и композитни елементи од камен, теракота и бетон, лепење плочка на плочка, поплочување на бањи, отворени тераси, дворни патеки, базени, фонтани, како и вградување плочки на места каде што има вградено подно греење.

Подготовка

SPEKTROkol Flexi се користи на температури од +5оС до +35оС. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвено за користење.

Вградување

SPEKTROkol Flexi се нанесува со челична рамна или назабена глетарица. Време на обработливост (отворено време) е 4 до 6 часа на 20оС. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на SPEKTROkol Flexi се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic.

Потрошувачка

4-5кг/м2 зависно од видот на подлогата.

Пакување

Натрон вреЌа од 25кг.

Складирање

Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

Рок на употреба 

12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Share

mk_MKMK