Rreth nesh

IGM VRATNICA

ИГМ ВРАТНИЦА е еден од водечките производители на бетонски елементи, калциум карбонат пигменти, полнила и гранулати, кој успешно се развива и опстојува повеќе од 50 години. Нашата компанија испорачува широк спектар на производи на клиентите на Балканот, опслужувајќи ги клучните индустрии како што се хартија, бои, пластика, фармација, земјоделство, екологија, градежништво и други.

ИГМ ВРАТНИЦА има и технолошко развиена програма за завршни работи во градежништвото.  Портфолиото на компанијата е составено од материјали за завршни работи  меѓу кои се и производите за надворешни и внатрешни ѕидови, изолација, хидроизолација и керамика, декоративни материјали, потоа производи за лепење, рачно и машинско малтерисување, како и производи за специјални намени.   

ИГМ ВРАТНИЦА е најголем производител на бетонски елементи во државата и преку високо развиен технолошки процес ја користи можноста да се понудат производи со одличен естетски, функционален и ценовен квалитет. Висококвалитетните песоци според потребните критериуми и норми, претставуваат база за производството и развојот на широк асортиман производи на бетонската галантерија во разни форми, димензии и бои .

НАШАТА

ПРИКАЗНА

ИГМ ВРАТНИЦА А.Д. е формирана

ИГМ ВРАТНИЦА А.Д. – ВРАТНИЦА е формирана во 1976 година како работна единица ХЕК “ЈУГОХРОМ” – ЈЕГУНОВЦЕ, за експлоатација на камен и песок од калциум карбонат со висок квалитет. Подоцна е изградена фабрика за бетонска галантерија, која произведува широк асортиман на производи кои наоѓаат примена во градежништвото, нискоградба при изработка на партерни уредувања, пристапни патишта, платоа, патеки, тротоари, транспортно – индустриски депоа, за уредување на улици и др.

1976

1997/1999

Акционерско друштво

Во 1997 година, со трансформација на ХЕК “ЈУГОХРОМ”, ИГМ ВРАТНИЦА од дотогашна производна единица е основана како Друштво со ограничена одговорност, а подоцна, во 1999 година извршена е статусна промена во Акционерско друштво. 

Повеќе од 30 години искуство

Врз основа на високо квалитетниот калциум карбонат изградена е современа и автоматизирана фабрика во Визбегово за производство на микронизиран калцит и доломит со фракции од 5-200 микрони, поликолори и глет маси. Инсталираната опрема во фабриката е од германскиот производител IVA Industrieberatung. 

Постигнатиот квалитет на производство според европските технички стандарди е познат на пазарот во Земјата и надвор од неа. 

2021

Друштвото располага со 53.179.540 m2 резерви на руда, со производен капацитет од 200.000 m3 годишно песочни гранулации, 200.000m2 бехатон елементи како и со капацитет на производство на микронизиран калцит и доломит од 30.000т/год.
Расположив капацитет на друштвото иако во фаза на пробно производство е и производството на дисперзивни и полудисперзивни бои од 5.000 т/год и 5.000 т/год глет маси.

Имате нов проект? Ви треба совет?

Kontaktoni

Duke punuar shumë, ne krijuam një produkt që bashkon traditën dhe bukurinë e gurit natyror me zhvillimet më të fundit në teknologji. Kontrolli i rreptë i bën produktet tona me cilësi të lartë.

Контактирајте нѐ

Социјални мрежи

sqSQ