SPEKTROkol Blok
Примена:
Бело еднокомпонентно водоотпорно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и адитиви. Наменето е за ѕидање и израмнување на гас-бетон и останати автоклавни бетонски елементи (Ciporex, Xella, Itong, Silkapor, итн.), како и за лепење на гипс-картон плочи и останати лесни градежни термо материјали на ѕид, под и таван.
Подготовка:
SPEKTROkol Blok се користи на температури од +5оС до +35оС. Подлогата и елементите на кои се нанесува мора да бидат рамни, цврсти, и чисти пред нанесување на лепилото. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвен за користење.
Вградување:
SPEKTROkol Blok се нанесува со рамна или назабена глетарица за вградување на гипс-картон и останати лесни термоматеријали на ѕид,под и таван. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на SPEKTROkol Blok се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic. За ѕидање на цигли од гас-бетон се препорачува користење на назабена лопатка за ефективно искористување на подготвената смеса. Потоа споевите помеѓу елементите се пополнуваат и израмнуваат (фугираат) со мистрија или глетарица. Подготвената смеса може да се искористи во рок од 2 до 4 часа на 20оС.
Потрошувачка:
2-3кг/м2 зависно од видот на подлогата.
Пакување
Натрон вреќа од 25кг.
Складирање:
Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.
Рок на употреба:
12 месеци од датата втисната на пакувањето.