SPEKTRO kol Standard

Примена

Бело еднокомпонентно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и адитиви. Наменето е за внатрешно вградување на керамички плочки на ѕид и под.

Подготовка

SPEKTROkol Standard се користи на температури од +5оС до +35оС. Подлогата и плочките на која се нанесува мора да бидат рамни, цврсти, чисти и навлажнети со вода пред нанесување на лепилото. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвено за користење.

Вградување

SPEKTROkol Standard се нанесува со челична рамна или назабена глетарица. Искористете ја подготвената смеса во рок од 4 часа. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на SPEKTROkol Standard се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic.

Потрошувачка

4-5кг/м2 зависно од видот на подлогата.

Пакување

Натрон вреќа од 25кг.

Складирање

Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

Рок на употреба

12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Share

mk_MKMK